Дома Фудбал Флик сака да триумфира со Барселона во Лигата на шампионите: Тоа е нашиот сон

Флик сака да триумфира со Барселона во Лигата на шампионите: Тоа е нашиот сон

Неприкосновениот тим на Барселона продолжува со натпреварите во Ла Лига со домашна средба против новајлијата Сантандер во среда вечер.

Шампионите ќе ја бркаат седмата победа од почетокот на сезоната во сите натпреварувања. Потоа, во сабота ги чека дуел со Севиља, а по него следува тринеделна пауза поради репрезентативните натпревари. Златната топка и амбициите на Ламин Јамал да ја освои се исто така актуелна тема меѓу Каталонците. Тренерот Ханси Флик ја изрази поддршката за својот играч, но исто така призна дека сака ова прашање што поскоро да се разреши.

Тоа се работи кои не можам да ги сменам. Сè е наредено едно по друго по долго Светско првенство. Тоа би било потребно, но за клубот не е најдобра опција. Инаку, секој игра за да игра и да биде стартер – започна Флик.

Се осврна и на фактот дека „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите.

– Нашиот сон е да го освоиме турнирот. Инаку, тоа е добра вест за клубот. Овој стадион, кога ќе биде завршен, ќе биде неверојатен – рече тој и додаде дека ќе биде со Барселона без сомнеж:

– Ќе бидам таму сто проценти. Сигурно. Како тренер или како поддржувач – ќе видиме. Уживам во животот во Барселона, во тоа што ja тренирам Барса. Но никој не знае што може да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последнoто танго за Меси! Лео ќе настапи уште еднаш во дресот на Аргентина

Лионел Меси е ставен на списокот на аргентинската репрезентација за претстојните пријателс…