Дома Фудбал Чудна одлука: Освои трофеј, па доби отказ

Чудна одлука: Освои трофеј, па доби отказ

Германскиот стратег Дино Топмелер повеќе не е тренер на Ланс, откако доби отказ по само шест натпревари на клупата на вицешампионот на Франција.

На почетокот на оваа сезона, тој го презеде водството на тимот од Пјер Саж, кој се пресели во Кристал Палас. Но, серијата на слабите резултати на стартот од првенството се покажа клучна и доведе до негово разрешување.

Тренерот кој дојде од Ајнтрахт започна ветувачки. Тимот го освои Суперкупот против тимот на Пари Сен Жермен и го отвори првенството со победа против Осер. Но, следеше само една победа во наредните четири натпревари, и тоа во Лигата на шампионите против славија Прага.

Во првенството освоија само еден бод во последните три натпревари и управата на Ланс брзо реагираше. Минатата сезона, жолто-црвените завршија втори во лигата и освоија купот. Сепак, се шпекулира дека слабите резултати не се единствената причина за отказот. Најверојатно, раководството барало од Топмелер да се “ослободи” од помошникот тренер Нелсон Моргада. Како што Топмелер одбил, тоа довело до единствената можност – разделување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар пресреќен: Ако ова е сон, не сакам да се разбудам

Нејмар (34) не ја криеше својата радост од доаѓањето на Филип Кутињо во Сантос. Бразилскио…