
Лионел Меси последен пат ќе биде на списокот на националниот тим на Аргентина.
Оваа вест дојде токму од Аргентина, ја потврди новинарот Федераико Буено.
„Лео Меси ќе биде на списокот на играчи кој ќе биде објавен наскоро. Тоа се зборуваше уште откако Лео се повлече од репрезентацијата. Секогаш постоеше можност тој, по Светското првенство, да престане да игра за Аргентина, а сите сакаат да се простат со него од националниот тим токму во Аргентина. Тоа беше работа која се правеше тивко, со почитување на желбите на самиот играч. Очигледно е дека настаните кои се поврзани со неговиот татко и неговото повлекување од репрезентацијата имаа големо влијание. Работеше се тоа тивко, со уважување на желбите на Лео, но идејата е Лео Меси да се прости во Аргентина, на барем една од тие три натпревари“, објави тој.
Аргентина за време на оваа репрезентативна пауза ќе одигра три пријателски натпревари, сите три како домаќин:
30 септември 2026: Аргентина – Боливија (Стадион Марио Алберто Кемпес, Кордоба)
3 октомври 2026: Аргентина – Буркина Фасо (Стадион Монументал, Буенос Аирес)
6 октомври 2026: Аргентина – Бенин (Стадион Монументал, Буенос Аирес)