Дома Фудбал Ливерпул го сруши Тотенхем и се пласира во следната фаза: Со спектакуларен гол на Собослај се запечати победата на Енфилд!

Ливерпул го сруши Тотенхем и се пласира во следната фаза: Со спектакуларен гол на Собослај се запечати победата на Енфилд!

Ливерпул се избори за место во четвртото коло на Лига купот, откако на Енфилд го совлада Тотенхем со резултат 3:1, во натпревар во кој беа сведоци на многу повеќе возбуда отколку што конечниот резултат кажува. Иако гостинот имаше свои шанси, Ливерпул во решавачките моменти дејствуваше поефективно и ги казнуваше грешките на својот противник.

Домаќините го отворија резултатот во 21. минута. По акција во која учествуваа Коди Гакпо и Рио, топката стигна до Алексис Макалистер, кој прецизно ја упати над горниот агол на голот на Мартин Дубравка со удар од работ на шеснаесетникот.

Тотенхем во првото полувреме создаде неколку навистина добри шанси, од кои најдобрата ја пропушти Лукас Бергвал во 11. минута. Швеѓанецот шутираше одблизу, но Џорџи Мамардашвили со одличен рефлекс го спречи изедначувањето. Ливерпул ја зголеми предноста во 54. минута. Керкез го пронајде Макалистер, кој му асистираше на Коди Гакпо. Холанѓанецот влета во шеснаесетникот и со силен удар го зголеми резултатот на 2:0. Тотенхем се врати во игра во 69. минута, но со значителна помош од противничкиот голман. Омар Мармуш изведе корнер, Мамардашвили ја промаши топката, а на Конор Галагер му преостана само да ја упати кон голот со глава.

По ова, гостите имаа период во кој сериозно го притиснаа Ливерпул, но не успеаја да се изедначат. Мамардашвили со одлични интервенции неколку пати ја зачува предноста на својот тим.

Конечниот резултат го постави Доминик Собослај во 90. минута. Унгарецот ја прими топката на околу 35 метри од голот и со фантаситчен удар ја упати во горниот десен агол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик сака да триумфира со Барселона во Лигата на шампионите: Тоа е нашиот сон

Неприкосновениот тим на Барселона продолжува со натпреварите во Ла Лига со домашна средба …