Дома Фудбал Голем хаос во Белград: Навивачите на Звезда се тепаа со полицијата (Видео)

Голем хаос во Белград: Навивачите на Звезда се тепаа со полицијата (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда се сретнаа со тимот на Линколн од Гибралтар во реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, откако првиот меч заврши со победа од 1:0. Меѓутоа, пред овој дуел на домашен терен се случи инцидент помеѓу фановите и полицијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причините за конфликтот помеѓу „Делиите“ и полицијата се непознати, но хаосот беше насекаде околу стадионот. Имаше чести детонации од пиротехнички средства, а навивачи беа принудени да се повлекуваат од жандармеријата која ги растеруваше.

Во еден момент, некои од поддржувачите на северната трибина, очигледно се придружија на своите соборци надвор од стадионот за да ја продолжат борбата.

На социјалните мрежи се појави и уште едно видео кое го прикажува судирот помеѓу навивачите и полицијата, за кое причините сè уште не се познати.

Од видеото може да се забележи дека насекаде се слушаат гласни удари, а во воздухот летале различни предмети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Бразилската репрезентација доби лоши вести пред продолжението на Светското првенство, биде…