Дома Останати Кошарка НБА НБА лигата ќе биде отворена со два фантастични натпревари

НБА лигата ќе биде отворена со два фантастични натпревари

Новата НБА сезона ќе започне 22-ри октомври и уште на отварањето ќе имаме два фантастични натпревари.

Американските медиуми објавија дека новата сезона ќе ја отварат тимовите од Лос Анџелес, Лејкерси и Клиперси, а шампионот Торонто ќе игра против Њу Орлеанс.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лејкерси и Клиперси доведоа неколку одлични засилување. На Леброн Џејмс му се придружија Ентони Дејвис и Де Маркус Каузинс, но од другата страна ќе ги чекаат Леонард и Пол Џорџ кои потпишаа за Клиперси ова лето.

Првиот пик на НБА драфтот Зион Вилиамсон со својот Њу Орлеанс ќе игра против Торонто.

Рапторси останаа без најголемата ѕвезда, Леонард. Поради тоа навистина е тешко да очекуваме повторно да ги видиме во НБА финалето, а од друга страна Зион ќе го предводи реновираниот тим на Њу Орлеанс без Ентони Дејвис.

Овој тим претрпе големи промени и од нив многу се очекува, а сигурно дека Зион ќе биде во центарот на вниманието.

Наскоро ќе биде познат и комплетниот распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …