Maкедонскиот репрезентативец Дејан Манасков ја заврши својата епизода во Веспрем каде што помина пет години.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манасков одлучи да ја промени средината, засега не е познато каде ќе продолжи. Еден период се споменуваше и враќање во Македонија. Во последната сезона Манасков малку играше поради тешката повреда, а не беше дел ниту од завршницата на фајнл-фор турнирот во Келн.




На церемонија пред голем број фанови Веспрем се заблагодари на Манасков и останатите ракометари кои ја одиграа последната сезона во унгарскиот тим.