Утре со почеток од 18:45 часот, Еурофарм Пелистер ќе игра натпревар на домашен терен против Пари Сен Жермен, а македонскиот ракометар, Дејан Манасков по подолго ќе игра во Лигата на шампионите.
Поранешниот ракометар на Вардар беше суспендиран за натпреварот против Вардар во Суперлигата, па така утре ќе го има своето деби во зелениот дрес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне утрешниот меч против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што повторно ќе можам да настапувам во ЛШ по една година пауза. Мислам дека сме убаво подготвени, имаме еден добар моментум по онаа победа над Вардар. ПСЖ е во топ пет екипите во Европа, имаат еден изграден систем кој неколку години веќе функционира. И јас, но и останатите играчи знаеме каков стил на ракомет негува ПСЖ. Раул беше тука и во репрезентацијата и во Вардар“, изјави Манасков.
Фавоортската улога Манасков очекувано ја препушта на францускиот гигант, сепак истакна и дека битолскиот состав има шанси за изненадување, а како некоја предност ја наведе свежината на тимот.
„Би им ја препуштиле улогата на фаворит, но нема лесно да ја продадеме кожата. Ќе дадеме сѐ од нас тука пред нашата публика и мислам дека можеме да изненадиме некој на последните четири натпревари. Тие доаѓаат малку уморни од светското првенство, свежината е на наша страна. Треба да веруваме во тоа што го работиме, ќе излеземе без респект и ќе се обидеме да направиме изненадување“, додаде Манасков.