Дома Фудбал Останато На Мурињо не му е важно да пишува историја: Сакам да ги направам овие момци среќни

На Мурињо не му е важно да пишува историја: Сакам да ги направам овие момци среќни

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо успеа втора година во низа да ја одведе Рома во финале на европско натпреварување.

Екипата од „вечниот град“ ќе се бори за трофејот во Лигата на Европа откако во минатата предводени од Португалецот ја освоија Конференциската лига. Сепак, тоа што пишува историја, Мурињо не го интересира премногу.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Не ми е важно да се запишам во историјата на Рома. Мене најважно ми е да им помогнам на овие момци да растат, да научат како да остварат големи резултати. Исто така сакам да ги направам среќни навивачите на Рома, тие ми дадоа толку многу од мојот прв ден тука. Мојата радост поради пласманот во уште едно финале е неизмерна“, изјави Мурињо по натпреварот.

Финалетои во Лига Европа на програмата е на 31-ви мај во Будимпешта, а во него противник на Рома ќе биде Севиља која е рекордер во ова натпреварување и го освојуваше шест пати во минатото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…