Дома Боречки спортови Белистојаноски ѝ донесе златен медал на Македонија

Белистојаноски ѝ донесе златен медал на Македонија

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски се искачи на највисокото место на пиедесталот на Медитеранските игри во Таранто, откако триумфираше во кумите во категоријата до 67 килограми.

Белистојаноски во финалната борба беше убедлив против хрватскиот репрезентативец Боран Берак, кого го совлада со максимални 6-0 и на тој начин стигна до златниот медал.

До големото финале, македонскиот каратист имаше уште три успешни настапи. На стартот го совлада Мустафа Алмасламех со 6-1, потоа беше подобар од Лука Мареска со 2-0, додека во полуфиналето го елиминираше Георгиос Балиотис со резултат 5-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Невидена сцена во Лондон: судијка двапати го исфрли пешкирот и не ја прекина борбата

На боксерска вечер во „О2 Арена“, Ејми Пу не дозволи мечот меѓу Адам Оланјан и Ден Гарбер …