Дома Фудбал Брегалница го отпушти тренерот без да му го спомне името!

Брегалница го отпушти тренерот без да му го спомне името!

Штипскиот прволигаш денеска официјално соопшти дека ја прекинува соработката со стручниот штаб, иако сезоната е во рана фаза. Брегалница по шест одиграни кола има шест освоени бода и моментално се наоѓа на осмото место на табелата, пред само Скопје и Башкими.

Кузманов на кормилото на штипјани пристигна во последен момент, само еден ден пред стартниот натпревар против Вардар. 60-годишниот стратег ја прифати работата во незгоден момент и спречи Брегалница на отворањето на првенството да остане без тренер на клупата. Сепак, по нешто повеќе од 40 дена, раководството реши да му врачи отказ.

Со ова, Кузманов е третиот тренер кој оваа сезона си заминува од клупата на македонски прволигаш. Претходно беа сменети Кристијан Фабијани во Вардар и Гајур Реџепи во Башкими.

Од Брегалница наведоа дека одлуката ја донела Управата, но без да објаснат што конкретно довело до прекин на соработката. Дополнително внимание привлече и начинот на кој клубот ја објави информацијата.

Во соопштението на социјалните мрежи воопшто не беше споменато името на Никола Кузманов, иако токму тој во последен момент ја презеде екипата и ја прифати тренерската функција во исклучително краток рок. По само шест натпревари, неговата мисија во Штип заврши, а Брегалница повторно ќе мора да бара ново решение за клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно е големо предавство: Пет години играше за Реал, а сега го сака Барса!

Пет години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, а сега е можност да се пресели во Барсело…