Дома Фудбал ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна до титулите на првак на Европа и Франција.

Но, на почетокот од оваа сезона не функционира сè како што треба.

Очигледно е дека тимот на Луис Енрике сè уште е под влијание на одморот бидејќи не победија ниеден натпревар од почетокот.

По поразот во Супер купот од Ленс, следуваа слаби резултати против Рен (2:2), потоа против Лил (губеа до продолжението и едвај спасија бод), а потоа вчера пораз од Монако (1:2) и тоа на свој терен.

Само два бода во три натпревари е премалку за тимот на Луис Енрике, а ваков лош почеток не бил виден од сезоната 2012-13. Тогаш ПСЖ не ги победи Лориен, Ажаксио и Бордо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ го среди Фенербахче: Србинот постигна гол за пресврт во големиот дерби (Видео)

Душан Влаховиќ продолжува да блеска во дресот на Бешикташ. Српскиот напаѓач постигна гол в…