
Познатиот француски тенисер Гаел Монфис (40) ја заврши својата богата Гренд Слем кариера по поразот во второто коло на US Open против американецот Лернер Тиен.
Монфис на емоционален начин се прости од публиката на US Open, а потоа ја објави својата одлука дека нема да остане во спортот.
Монфис нагласи дека нема намера да се фокусира на тренерска работа или спортско коментирање, туку ќе започне нова кариера во сосема различен сектор.
“Следната година отворам ново поглавје. Ќе започнам работа во финансии. Веќе потпишав договор за работа во управување со средства со компанија во Швајцарија. Моето следно поглавје ќе бидат канцеларијата и финансиските работи. Тенисот постојано ќе го следам бидејќи го сакам, а и мојата сопруга сè уште игра”, изјави Монфис.