Дома Трансфер зона На Ел Шарави му се здосади во Кина, сака назад во Серија А?

На Ел Шарави му се здосади во Кина, сака назад во Серија А?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави (27) би можел да се врати во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај Гренландс со кој потпиша договор до 2022 година, но во Кина изгледа нема да се задржи долго.

Медиумите на Апенините, поточно „Газета дело Спорт“ пишува дека Ел Шарави после само една година би можел да се врати во Рома, дури и по цена да му се намалат примањата.

„Денес Ел Шарави заработува 14 милиони евра по сезона, но спремен е на големо намалување на платата за да се врати во Рома“, пишува споменатиот медиум.

Крилниот фудбалер претходно во четири сезона во дресот на Рома одигра 139 натпревари, постигна 40 голови и запиша 25 асистенции. Во Италија настапуваше уште за Падова, Џенова и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…