Дома Македонски спорт Мак фудбал НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Прв натпревар дома и прва победа! Ерупција по минута ипол и спектакуларен волеј на Бошковски! (ВИДЕО)

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Прв натпревар дома и прва победа! Ерупција по минута ипол и спектакуларен волеј на Бошковски! (ВИДЕО)

Денес е важен ден за македонскиот фудбал. Токму на денешен ден Македонија како самостојна држава го одигра првиот домашен натпревар.

Тој натпревар се случи на 23 март 1994 година, пред 26 години. Наш противник беше Словенија. Во тој натпревар победивме со 2:0.

За нашата репрезентација во овој натпревар настапија: Трајчев,  Јовановски, Мицевски, Серафимовски, Бошковски, Б. Ѓуровски, Георгиевски, Канатларовски, Марковски, Мемеди, Митко Стојковски. Играа уште Марјан Стојкоски, Томовски, Грозданов и Станковски.

Многу брзо уште на стартот после неполни две минути игра Жарко Серафимоски ја погоди мрежата на Словенците за радост на публиката на градски кој тогаш имаше капацитет од 25.000 гледачи. Вториот гол беше дело на Зоран Бошковски кој зафати спектакуларен волеј.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фотографија од момче со топка на улиците во Милано ја воодушеви Италија се огласи и Заниоло (ФОТО)

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ објави една симпатична, но и тажна фотографија на…