Bike tour Bosphorus е евроазиска велосипедска тура која како лична цел и предизвик си ја зададоа двајца пасионирани велосипедисти и ентузијасти од Прилеп. Стартот на турата е од градот под Маркови Кули, а крајната дестинација е турската метропола Истанбул.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Филип Илиоски и Христијан Мојсоски од Прилеп се тандемскиот тим од здружение „Маркови точакџии“ кој следниот викенд (најдоцна во понеделник, во зависност од временските услови) ќе заминат на фантастична велосипедска авантура до Босфор.
Момците ќе возат од Прилеп, преку Серес па Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација им е Истанбул, на Босфорот. Целата тура изнесува околу 800 километри. Попатно ќе кампуваат и преспиваат во шатори.
Враќањето на Филип и Христијан ќе биде со автобус. Тие двајца активно се рекреираат со велосипедизам и прават сериозни велосипедски тури со импресивни должини. Минатата година ја реализираа нивната најдога еднодневна тура досега со должина од 324 километри која ја возеа низ Македонија.