Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Дојдовме до самиот крај, па денес ќе ви ја претставиме репрезентацијата на Сенегал.
СЕНЕГАЛ
Репрезентацијата на Сенегал е сместена во Групата Х заедно со репрезентациите на Полска, Колумбија и Јапонија, па не и се даваат големи шанси за пласман во следната фаза.
Сенегал по втор пат ќе учествува на едно светско првенство, имаат одлична генерација и моментално се наоаѓаат на 27-то место на ФИФА ранг листата.
Сенегал супериорно ги мина квалификациите и директно обезбеди билет за Русија. Првиот натпревар ќе го игра против Полска на 19-ти јуни. На 24-ти јуни ќе играат против Јапонија, а пет дена подоцна ќе ги одмерат силите со Колимбија.
Сенегал на Мундијалот ќе настапи во дресови изработени од „Пума“. Првата гарнитура е во целосно зелена боја, а резервните дресови се во бела боја со зелени детали.
Сенегал има одлична генерација со неколку големи ѕвезди кои играат во еврпски гиганти, меѓу кои секако се издвојуваат Садио Мане од Ливерпул и Кулибали од Наполи.
Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите од групната фаза. Коефициентот за Сенегал да биде победник во групата изнесува 8.00.
Сенегал е аутсајдер на првиот меч против Полска. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 3.20 за реми 3.15 додека за победа на Полска коефициентот е 2.36.
Сенегал е фаворит на мечот со Јапонија. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 2.13 за реми 3.25 додека за победа на Јапонците коефициентот е 3.50
Сенегал е аутсајдер на мечот со Колумбија. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 3.85 за реми 3.30 додека за победа на Колумбија коефциентот е 2.04.