
Иако се чинеше дека Флоријан Вирц ова лето сигурно ќе потпише за Баерн Минхен, дојде до голем пресврт и тој се предомисли и избра Ливерпул. Во Минхен се шокирани од она што се случуваше во последните часови и пораката што ја добија на полноќ од фудбалерот на Баер Леверкузен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Без дилема, трансферот на Вирц ова лето ќе биде главна тема во фудбалската јавност, но малкумина очекуваа такви пресврти во одлуките на германскиот репрезентативец.
Вирц реши дека е време да го напушти Баер Леверкузен и да се обиде во друг клуб. Првиот што се јави беше Реал Мадрид и се чинеше дека Вирц сигурно оди во кралскиот клуб, посебно бидејќи и Хаби Алонсо од Леверкузен замина кон Мадрид.
Но, потоа во приказната се вклучи Баерн, поради што Вирц ги прекина преговорите со Реал и реши дека Минхен ќе биде неговата наредна дестинација.
Иако во Минхен веруваа дека Вирц е нивен, синоќа доживеаја вистински шок. Новинарот од Билд, Кристијан Фалк, објави дека нема ништо од доаѓањето на Вирц во Баерн и дека овој 22-годишник ги шокирал Баварците со својата порака.
Последните часови беа шокантни за Баварците бидејќи најпрво преку медиумите дознаа дека Ливерпул и Вирц сè договориле.
Фото: Принтскрин