
Јирген Клоп овој викенд е во Ливерпул и во недела ќе присуствува на прославата за титулата англиски првак, додека во петокот учествуваше на гала вечерта на хуманитарната фондација на Ливерпул, на која донираше сто илјади евра. Германецот, кој го водеше клубот од Енфилд од 2015 до 2024 година, исто така се обрати на присутните и одговараше на прашања.
Се осврна на Трент Александар-Арнолд, десниот бек на Ливерпул, кој бил исвиркан од навивачите поради тоа што бесплатен заминува во Реал Мадрид. Клоп го извади дресот на Трент и рече: „Не велам дека не треба да бидете разочарани што заминува, но не заборавајте што направи за клубот. Ги слушнав свирежите и го исклучив телевизорот. Не можев да бидам повеќе разочаран. Тоа не сме ние“.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Коментираше и за шпекулациите кои на почетокот на неделата се појавија во италијанските медиуми. Според нив, Клоп би требало да стане новиот тренер на Рома, но тој ги демантираше. „Тоа е глупост. Ако во следните пет години видите било какви шпекулации дека станувам тренер некаде, можете да знаете дека тоа е глупост,” рече тој.
Фото: Принтскрин