Дома Фудбал Репрезентации ФИФА ги казни Нигерија и Сенегал

ФИФА ги казни Нигерија и Сенегал

Meѓународната фудбалска федерација ФИФА го казни денес Сенегал со 175.000 швајцарски франци поради нередите на навивачите на натпреварот од завршната рунда во афричките квалификации за Светското првенство против Египет.

Сенегал после пенали го победи Египет и се избори за пласман на Светското првенство во Катар, а во текот на тој натпревар играчите на гостинскиот тим правеа големи проблеми со ласери од трибините.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


ФИФА соопшти дека Фудбалскиот сојуз на Сенегал е казнет поради користење на ласери, влегување на навивачите на терен и „неуспехот“ да обезбеди ред на стадионот. Исто така Сенегал е казнет со еден натпревар играње без присуство на публика.

ФИФА ја казни и Нигерија со 150.000 швајцарски франци и еден натпревар пред празни трибините. Како што наведоа од Светската фудбалска организација, навивачите влегоа на терен во Абуџа, а имаше и други инциденти откако таа селекција изгуби од Гана во баражот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…