Дома Фудбал Mногу емоции во Мадрид, Модриќ се збогуваше во солзи – тука беше и Крос да го испрати! (Видео)

Mногу емоции во Мадрид, Модриќ се збогуваше во солзи – тука беше и Крос да го испрати! (Видео)

Лука Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал Мадрид. Во неговиот последен натпревар на легендарниот мадридски стадион, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат 2:0. Двата гола за Кралскиот клуб ги постигна Килијан Мбапе. Модриќ по завршувањето на сезоната ја напушта екипата на Реал, завршувајќи ја својата 13-годишна кариера во која стана најтрофеен играч во историјата на клубот.

Од клубот се збогува и Карло Анчелоти, кој го извади Модриќ од игра во 86. минута, момент кога трибините на Сантијаго Бернабеу експлодираа од емоции, а играчите на двата тима формираа шпалир. Најстрастните навивачи го почестуваа Модриќ целиот натпревар, а кога последен пат тргна кон клупата, овациите не престануваа. Во Мадрид со него се прости и Тони Кроос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман по четврти пат стана татко: За првпат сопругата Ерике не се породи на 8 април!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга Ерика Чоперена го добија своето чет…