Дома Фудбал Салах ја освои наградата за најдобар фудбалер во Премиер лигата и влезе во елитно друштво

Салах ја освои наградата за најдобар фудбалер во Премиер лигата и влезе во елитно друштво

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, беше признат како најдобар играч на сезоната во Премиер лигата.

Откако доби вакво признание од страна на Асоцијацијата на фудбалски новинари во Англија, сега е награден и од официјалното натпреварување.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ова е неговото второ вакво признание за најдобар играч во кариерата, по наградата во сезоната 2017/18.

Салах играше во сите 37 натпревари сезонава во Премиер лигата и ќе настапи и против Кристал Палас утре. Неговиот досегашен учинок е 28 голови и 18 асистенции.

Оваа сезона немаше подобар од него, и нема никаква дилема дека го заслужува ова признание. Останува да видиме дали ќе успее да ја освои „Златната копачка” на Европа во последното коло. До „Златната топка” ќе биде многу потешко да стигне…

Покрај Салах до ова достигнување стигнаа уште: Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин Де Брујн.

Покрај Салах двапати ова признание го освојуваа уште: Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин Де Брујн.

Фото: Liverpool/FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман по четврти пат стана татко: За првпат сопругата Ерике не се породи на 8 април!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга Ерика Чоперена го добија своето чет…