Дома Фудбал Во Баерн на полноќ добиле порака која ги шокирала: Еве што им порачал Вирц

Во Баерн на полноќ добиле порака која ги шокирала: Еве што им порачал Вирц

Иако сите мислеа дека Флоријан ова лето сигурно ќе потпише за Баерн, ситуацијата се сврте на неочекуван начин, и тој наводно одлучил да се приклучи на Ливерпул. Во Минхен се во шок од последните случувања и пораката што ја добија од фудбалерот на Баер Леверкузен на полноќ.

Нема дилема дека трансферот на Вирц ова лето ќе биде главна тема во фудбалските кругови, но малкумина очекуваа такви пресврти во одлуките на германскиот репрезентативец.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Вирц реши дека е време да го напушти Баер Леверкузен и да се испроба во друг клуб. Првиот клуб кој се заинтересира беше Реал Мадрид и изгледаше дека Вирц сигурно оди во кралскиот клуб, особено бидејќи и Чаби Алонсо од Леверкузен се сели во Мадрид.

Сепак, во приказната се вклучи Баррн и поради тоа Вирц ги прекинал преговорите со Реал Мадрид, избирајќи го Минхен како своја следна дестинација.

Германските медиуми пишуваа дека Вирц не сакал воопшто да ја напушти Германија, сметајќи дека за тоа уште не е вистинското време и дека трансфер во Баерн е и така голем чекор.

Баварците потоа договорија скоро сè, откако и Вирц прифати услови за повеќегодишен договор. Чекаше се само официјална потврда дека тој е нов играч на Баерн, но пак се случи неочекувана драма и пресврт.

Во борбата за преземањето на Вриц се вклучи и Ливерпул кој преку неговите родители изразил желба да го доведат младиот Германец на Енфилд Тие дури беа на состанок во Англија со челниците на Ливерпул и Манчестер сити.Сепак, по тој состанок Сити се повлече од преговорите, додека Ливерпул почнаа офанзива. На Вирц му беше понуден значителен договор, а на Леверкузен му беше кажано дека ќе ја платат бараната сума и дека сакаат трансферот да се заврши што поскоро.

Иако во Минхен беа убедени дека Вирц е нивен играч, доживеаја шок. Новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк објави дека фудбалерот ги известил челниците на Баерн дека нема намера да се пресели кај нив.

Последните часови беа драматични за Баварците откако преку медиумите дознале дека Ливерпул и Вирц ги завршиле преговорите. Прво не сакаа да поверуваат, но потоа пристигнала пораката од офанзивецот.

Фото: Bayer 04 Leverkusen/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмладата македонска репрезентација ремизираше со Албанија

Младата репрезентација на Македонија до 14 година одигра нерешено 1:1 против соодветната с…