Дома Фудбал „Марка“: Модриќ е најдобрата десетка во историјата на Реал

„Марка“: Модриќ е најдобрата десетка во историјата на Реал

Реал Мадрид денеска ќе одигра натпревар од 38. коло на шпанското првенство на Сантијаго Бернабеу против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последна можност за навивачите на стадионот во Мадрид да го видат Лука Модриќ и да се простат од него.

Капитенот на тимот ќе го води Реал и на Светското првенство за клубови, но денешниот натпревар е последната шанса за овации какви што веќе безброј пати ги добивал кога излегувал од игра.

„Марка“ утрово му посвети еден од бројните текстови на хрватскиот капитен. Овој напис се бави со десетките на Реал, а токму Модриќ Марка го нарече најдобрата десетка во историјата на мадридскиот клуб.

Фото: Grok Ai

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…