
Карлос Сантос, поранешниот тренер на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, го пофали својот некогашен соработник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сантос го тренираше Карлос Алкараз додека уште беше дете, а сега многумина го споредуваат со Рафаел Надал.
„Алкараз е подобар играч од Надал, покомплетен, кога ги гледаме техничките нешта во тенисот. Дроп шотот, на пример. Надал го изведуваше добро, но Алкараз е магионичар. Рафа има добри удари, силно удира, со многу спин, а и е многу паметен, знае што да направи. Карлос е поинаков, има тој магичен стил што луѓето го сакаат. Брка за секоја топка и никогаш не знаеш што ќе направи следно. Магија“, рече Сантос.
Фото: Принтскрин