Френки де Јонг одигра уште една блескава партија на позиција на која не игра во Барселона.
Во текот на изминатите месеци Луј ван Гал постојано повторуваше дека Де Јонг секогаш ќе биде на позицијата на последен играч за врска во својот тим, бидејќи таму е најдобар. Иако игра во различна формација од Барселона, Де Јонг уште еднаш покажа дека може да игра сам како последен играч за врска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговите бројки против Сенегал, како и неговото влијание врз играта, беа импресивни. Имаше над 85% прецизни додавања, 80 допири со топката, осум добиени дуели, шест прекини, два успешни лизгачки старта, две создадени шанси и најважно – асистенција гол на Класен.
Чави во многу важни натпревари го оставеше Де Јонг на клупата и предност добиваше Бускетс.
Каталонските медиуми утрово пренесуваат дека Чави е свесен дека Де Јонг е идеалната замена за Бускетс и дека ќе се користи се почесто како што продолжува сезоната, зад Педри и Гави.