Дома Фудбал Германија Нагелсман бара промени во фудбалот: Играчите на теренот треба да имаат микрофони

Нагелсман бара промени во фудбалот: Играчите на теренот треба да имаат микрофони

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман има интересно размислување кога е напредокот на фудбалот во прашање.

Младиот стратег сака да се воведат микрофони на фудбалерите за тренерите да можат полесно да комуницираат со секој од нив на теренот.

„Фудбалот се уште е многу традиционална игра, додека американскиот фудбал многу напредуваше. Кватербекот на теренот може да добие совети од тренерот и тоа е нешто што и на нас ни е потребно. Идеално би било играчите да носат микрофони и да можат да разговараат“.

„На стадионите со публиката слабо се слуша, нема прекини и тренерот со играчите за тактиката може да разговара само на полувреме“, истакна Нагелсман.

Сепак малку е нереално да се очекува спроведување на идејата на Нагелсман во блиска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Седлоски: Гаштаров покажа како се игра за Македонија – со срце и борбено од почеток до крај!

Матеј Гаштаров дебитираше за македонската А-репрезентација, а младиот фудбалер веднаш доби…