Дома Македонски спорт Мак фудбал Навивачите на Шкупи вчера направија потег за пофалба!

Навивачите на Шкупи вчера направија потег за пофалба!

Вчера тимот на Шкупи на домашен терен беше поразен од Македонија Ѓ.П (2:3) со овој пораз продолжи лошата форма на тимот од Чаир.

Ако неодамна „Шверцерите“ беа критикувани поради она што го направија во МНТ, сега направија и нешто за пофалба, покажаа дека клубот за кој навиваат им значи, барем на добар дел од нив.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, по поразот од Македонија Ѓ.П дел од навивачите се симнаа теренот, но не за да прават проблеми и да влегуваат во пресметки – за да разговараат со играчите! Тие се симнаа на тревникот и ги „построија“ нивните милиници кои според играта и заслужија такво нешто.

Инаку, Шкупи во последните девет натпревари (куп и првенство) има само една победа, онаа против Академија Пандев во лигата од 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…