Дома Фудбал Англија Навивачите на Манчестер воодушевени од 19 годишниот талент: Некои го споредуваат и со Меси!

Навивачите на Манчестер воодушевени од 19 годишниот талент: Некои го споредуваат и со Меси!

Талентираниот Уругваец Факундо Пелистри го забележа својот прв настап во дресот на Манчестер Јунајтед.

Во неделата, Манчестер Јунајтед славеше со 2:1 на гостувањето кај Дерби Каунти во пријателски натпревар во кој шанса, барем што се однесува до Јунајтед, имаа главно резервистите и помладите играчи. Некои добро ја искористија приликата што им ја даде менаџерот Оле Гунар Солскјаер, а пред се тука е Пелистри, за кого ова беше прв натпревар за сениорите.

Тој постигна убав гол во 59-та минута, а влезе на полувремето наместо искусниот Хуан Мата.Навивачите на Јунајтед се во еуфорија и го слават Уругваецот, коментарите одат толку далеку што се тврди дека неговиот стил на движење и игра наликува на оној Лионел Меси.

Со Манчестер Јунајтед потпиша договор минатата година, но не доби простор да се покаже, сепак со вчерашниот настап можеби ќе добие поголема шанса од Солскјер. До почетокот на сезоната има уште време, па ќе видиме како Пелистри ќе ја искористи шансата. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед има важност до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеле со видео порака ги успокои фановите🎥

Бразилската фудбалска легенда, Пеле продолжува со рехабилитацијата после операцјата која ј…