
Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни не можеа да постигнат спогодба и за сега преговорите се прекинати, објавија неколку англиски медиуми и Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од „Етихад“ се загрижени од можноста да го загубат Шпанецот без компензација по една година, кога му завршува тековниот договор, но самиот фудбалер изјави дека ќе ја одложи одлуката до крајот на Светското првенство.
„Разбирам дека ова е дел од играта, но дури и не сум размислувал за мојата иднина сега. Мојат фокус е целосно насочен кон Светското првенство. Имам договор со Манчестер Сити,“ изјави неодамна Родри. Халфот, кој ја освои „Златната топка“ како играч на „граѓаните“ во 2024 година, постојано е прородуван од повреди повеќе од година.
„Манчестер Сити дадоа предлог за нов договор на Родри пред неколку месеца, но двете страни сè уште не постигнале спогодба досега. Сè е ставено на чекање во моментов, но сè уште има време, бидејќи постоечкиот договор на фудбалерот завршува во 2027 година,“ изјави Романо. Фудбалерот е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но од „Сантијаго Бернабеу“ ја исклучија таа можност во последните недели.