
Легендарниот поранешен фудбалер и функционер Ули Хенес е разочаран од Светското првенство кое се игра во Америка, Канада и Мексико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
–Според мое мислење, ова Светско првенство е фијаско за фудбалот. Просечната цена на билетите за финалето е 2.000 долари? Каде одиме?, искрен е Хенес.
Тој објасни уште неколку причини поради кои нема да го видиме на трибините на ова Светско првенство.
-Секогаш сум бил за комерцијализација во фудбалот, но не во оваа екстремна форма. Не би го поддржал тоа со купување билети. Немав апсолутно никаква желба да одам на овој Светски шампионат. Дури и ако сакав, ќе го изгубев интересот поради растојанието на стадионите од населените места, смета Хенес.