Дома Фудбал Сакаше да игра со Меси, сега ќе игра со него – Каземиро во Интер!

Сакаше да игра со Меси, сега ќе игра со него – Каземиро во Интер!

Искусниот бразилски фудбалер Каземиро ќе ја продолжи својата кариера во Интер од Мајами, каде што доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.

Репрезентативецот на Бразил, иако е во четвртата деценија од својот живот, е многу ценет низ целата планета, но според информациите кои ги пренесе Фабрицио Романо, решил да се пресели во Интер.

Како што наведува специјалистот за трансфери, двете страни постигнале договор за условите и сега преостанува полесниот дел од работата. Тоа е формализирање на склученото и официјално претставување на Каземиро како нов играч на Интер.

Главната причина зошто се одлучил за преселба во Мајами е што ќе игра со Лионел Меси, некогаш голем ривал од шпанскиот фудбал, но и човек чија репрезентација е лут ривал на Каземировата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натп…