Дома Фудбал Шпанија немилосрдно ја уништи Саудиска Арабија (Видео)

Шпанија немилосрдно ја уништи Саудиска Арабија (Видео)

Шпанија стигна до својата прва победа на Светското првенство, откако во натпреварот од второто коло во групата Х без поголеми проблеми ја совлада Саудиска Арабија со убедливи 4-0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на шпанскиот селектор уште од првиот судиски свиреж покажаа дека се решени да ги освојат трите бода. Доминацијата беше наградена уште во 10. минута, кога младиот Ламин Јамал ја искористи една од првите посериозни шанси и го отвори резултатот.

По водечкиот погодок, Шпанците продолжија со офанзивната игра и целосно ја контролираа ситуацијата на теренот. Најрасположен во првиот дел беше Микел Ојарзабал, кој двапати се запиша меѓу стрелците и практично го реши победникот уште пред заминувањето на пауза. Со неговите два гола, Шпанија на полувремето имаше висока предност од 3-0.

Ниту во вториот дел Саудиска Арабија не успеа да најде одговор на шпанската игра. Само неколку минути по продолжението, поточно во 49. минута, Хасан Ал Тамбакти несреќно ја затресе сопствената мрежа, зголемувајќи ја предноста на европската селекција на 4-0.

https://mvo.crazyvidup.com/embed/H8OUlAxqLrBdS?autoplay=1&htmlplayer=1
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема да разберам како е повикан Нејмар, кога одигра само два натпревари

Одлуката на селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, да го вклучи Нејмар …