Дома Топ вести Му се јави на Роналдо и му порача: Направи се да дојдам во Реал!

Му се јави на Роналдо и му порача: Направи се да дојдам во Реал!

Успесите на Реал Мадрид оваа сезона придонесоа за голем број на фудбалери ширум Европа да сакаат да дојдат на „Сантиаго Бернабеу“ и да играат за „кралскиот“ клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Дон Балон“ во последните недели телефонот на Кристиано Роналдо е блокиран од повици на негови колеги. Еден од нив е Ренато Санчез кој го моли својот сонародник да издејствува негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Санчез сака да работи со Зинедин Зидан кој оваа сезона им даде простор на неколку млади и неафирмирани фудбалери.

Португалецот не е задоволен од статусот во Минхен и ова лето ќе ја промени средината, а дали Роналдо ќе му помогне да се пресели во Мадрид и дали Перез ќе го послуша останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…