Дома Трансфер зона Мурињо подготвува „бомба“ во Фенербахче: Тргнува по ѕвездата на Барса!?

Мурињо подготвува „бомба“ во Фенербахче: Тргнува по ѕвездата на Барса!?

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово подготвуваат тим со кој сака да ја врати титулата.

За тренер беше доведен Жозе Мурињо, а со него има и најави за нови засилувања.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Последната информација е дека Роберт Левандовски би можел да биде новото име во нападот на Фенер за наредната сезона.

Неколку пати претходно Левандовски зборуваше дека сака да остане во Барселона, меѓутоа Мурињо смета дека може да го убеди Левандовски да се пресели во Турција.

Останува да видиме во наредниот период, веројатно по завршувањето на настапот на Полска на ЕП дали нешто ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…