Дома Фудбал Англија Мурињо: Зошто Бејл дури сега блесна? Прашајте ги во Реал

Мурињо: Зошто Бејл дури сега блесна? Прашајте ги во Реал

Во септември Герет Бејл се врати во Тотенхем и се очекуваше да биде големо засилување за „петлите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, Велшанецот во изминатиот период не прикажуваше игри на нивото на кое се очекуваше, конечно блесна во последниот викенд против Барнли. Во овој натпревар Бејл постигна два гола и запиша една асистенција и беше прогласен за играч на натпреварот.

На денешната прес-конференција Мурињо беше запрашан зошто на Бејл му било потребно толку многу време да блесне и да почне да игра како што се очекува.

„Во Реал во последните две години се случуваа многу работи и нив треба да ги прашате зошто Герет блесна дури сега. Ако ви одговорат ќе разберете зошто му требаше толку време. Можеби и јас бев трпелив за да дојде на нивото на кое игра во последните две недели“, изјави Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси влезе во игра во 70. минута. Погледнете што направи само две минути подоцна!

Две недели пред неговиот 39. роденден, ЛИОНЕЛ Меси блескаше со извонредна игра во ограниче…