Дома Македонски спорт Младинските фудбалски школи бараат помош: Во прашање е иднината на 6.000 фудбалерчиња!

Младинските фудбалски школи бараат помош: Во прашање е иднината на 6.000 фудбалерчиња!

Пандемијата со коронавирусот го победи скоро сектор, па така и младинските фудбалски школи.

Фудбалските школи во земјава се обеденија и бараат заедничка помош напоменувајќи дека се работи за млади фудбалерчиња на возраст од 7 до 15 години.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Откако стапија во сила мерките на Владата во врска со пандемијата Ковид-19, имаме забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи, која сите до еден од фудбалските клубови доследно ја почитуваме. Тоа директно ги засега тренерите во клубовите затоа што остануваат без работа и без финансиски средства за егзистенција. 

Напоменуваме дека во тренажниот процес се вклучени 6000 фудбалерчиња на возраст од 7 – 15 години, кои што се регистрирани во COMET системот на ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА под капата на УЕФА И ФИФА.

Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина, и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт. Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови.

Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до двете институции. Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок. Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени.

Со почит : ФK Ла Масиа, ФК Академија Постолов – Пандев, ФК Кул Здравје, ФК Њу Старс, ФК ЛГ Спорт, ФК Спорт ефе – Вардар, ФК ОСК Фер плеј, ФК Јанг Тим, ФК Фудбал кидс, ФК Охрид топ тим, ФК Еврофудбал 2, ФК Драчево јуниор, ГФК Неготино, ФК Дрим тим, ФК Нова Колонија, ФК Форца – Вардар, ФК Тиквеш, ФК Звезда 2015, ФК Рудар јуниор, ФК Професионал, ФК Фц Копенхаген, ФК Виктори 2017, ФК Олимпик Старс, ФК Карев, ФК Академија Младост – Тошев, ФК Кичево, ЖФК Атлетико, ФК Фудбал Старс, ФК Форца, ФК Форца – Штип, ФК Ускана, ФК Талент, ФК Глас Оризара – 2017, ФК Академија Нацев, ФК Каменица – САСА, ФК Лепенец, ФК Тони, ФК Борец Јуниор, ФК Еуро спорт, ФК Арсими, ФК Мал Ајакс, ФК Фит Кид, ФК Топ Гол

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…