
Арсенал ја проверува можноста за доведување на Кенан Јилдиз (21) од Јувентус, објави вечерва Индипендент. Микел Артета сака уште еден врвен играч за левата страна на нападот, а по одлуката на Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наоѓа многу високо на листата на Арсенал.
Јувентус не сака да продаде еден од своите најважни играчи и за преговорите би барал повеќе од 70 милиони евра. Се споменува и можноста Арсенал да го вклучи во зделката Габриел Мартинели.
Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а на Трансфермаркт е проценет на 75 милиони евра.