Дома Фудбал Откако ги продаде големите ѕвезди, Њукасл ги објави плановите за иднината

Откако ги продаде големите ѕвезди, Њукасл ги објави плановите за иднината

Сопствениците од Саудиска Арабија на англискиот фудбалски клуб Њукасл планираат да инвестираат околу 223 милиони евра во нов тренинг центар. Овој комплекс е планирано да биде комплетиран и подготвен за употреба во сезоната 2029/30.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај заминувањата на неколку играчи во трансфер периодот, сопствениците имаат намера да покажат дека остануваат целосно посветени на клубот, јавува агенцијата “AP”.

Неодамна постоеја сомнежи околу ангажманот на “Public Investment Fund” (PIF) – саудискиот државен инвестициски фонд кој го купи Њукасл во 2021 година.

Минатата година клубот го напушти Александер Исак, а ова лето си заминаа и Бруно Гимараес, Ентони Гордон и Сандро Тонали. Истовремено, Њукасл се обидува да ги почитува построгите финансиски правила на англискиот фудбал.

PIF исто така објави дека планира да го намали својот спортски портфолио, вклучувајќи го и повлекувањето на финансиската поддршка за голф серијата “LIV Golf”.

– Проектот претставува значајна долгорочна инвестиција на сопствениците PIF и “RB Sports & Media” во иднината на клубот – стои во соопштението на Њукасл.

Главниот директор на клубот, Дејвид Хопкинсон, го опиша проектот како “пресвртна точка во историјата на клубот”. Тренинг центарот ќе биде изграден во близина на градскиот аеродром. Клубот планира да изгради тоа што го нарекува “тренинг комплекс од светска класа”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Знам дека Реал плати многу, но не чувствувам притисок“

Новото засилување на Реал Мадрид, Јан Диоманде, не стравува од големите очекувања кои доаѓ…