Дома Македонски спорт Милевски остана без Ердон Даци за натпреварите со Молдавија и Црна Гора

Милевски остана без Ердон Даци за натпреварите со Молдавија и Црна Гора

Македонската фудбалска А репрезентација овој месец ќе одигра два пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овие мечеви ќе се одиграат во турската Анталија, на 22 март против Молдавците од 15.30 часот и три дена подоцна против Црногорците од 18.00 часот.

Селекторот на нашите најдобри фудбалери Благоја Милевски повика 28 фудбалери, а најновите информации велат дека едно има отпадна за престојните контролни средби.

Напаѓачот Ердон Даци поради повреда заработена на последниот натпревар за белгискиот клуб Беверен, нема да биде во можност да настапи во Анталија.

Милевски во делот на нападот може да смета на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Димитар Митровски и Лирим Ќамили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

(Видео) „Комити“ вечерва го обоија Скопје во црвено-црно

Навивачката група „Комити“ вечерва го обоија главниот град на Македонија во црвено-црна бо…