Милан игра одлично оваа сезона и се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона.
Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април.
Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.