Дома Фудбал Трагедија во Бугарија: Фудбалер постигна два гола, па почина во соблекувалната по натпреварот

Трагедија во Бугарија: Фудбалер постигна два гола, па почина во соблекувалната по натпреварот

Голема трагедија го погоди бугарскиот фудбал. Поранешниот напаѓач на Локомотива од Пловдив, Христо Спасов, ненадејно почина на 38 години, само неколку минути по завршувањето на натпреварот.

Спасов играше за Чико од Бјаге на натпревар од регионалната лига против Лесичова, кој неговиот тим го загуби со 4:2.

Спасов беше стрелец на двете гола за својот тим, но само неколку минути подоцна му се слоши во соблекувалната, каде се сруши.

Докторот кој беше присутен на натпреварот веднаш реагираше, а наскоро пристигна и екипата на Брза помош од Пештера. За жал, за Спасов немаше спас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино оди по нов мандат: Претседателот на ФИФА повторно се кандидира

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (Фифа) Џани Инфантино ќе се кандидира …