Дома Фудбал Mиовски откако остана без трансфер, сега сам ќе се грижи за својата кариера!

Mиовски откако остана без трансфер, сега сам ќе се грижи за својата кариера!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одлучи и да преземе целосна контрола врз својата кариера. Откако ова лето не успеа да реализира трансфер, македонскиот репрезентативец се раздели со своите досегашни агенти и во иднина самиот ќе ги менаџира професионалните ангажмани.

По одличните настапи во дресот на Абердин, кариерата на Миовски не продолжи според очекувањата. Напаѓачот не успеа да се наметне во Жирона, додека по преселбата во Ренџерс има нешто подобар учинок, но и понатаму не добива доволно простор за игра.

Наместо редовно да биде на теренот, Миовски многу почесто натпреварите ги започнува од клупата, што очигледно не е по негов вкус. Незадоволството, сепак, не е насочено само кон неговиот статус во клубот. бМакедонецот очигледно не е задоволен ниту од работата на луѓето кои досега се грижеле за неговата кариера, па реши да направи несекојдневен чекор и самиот да ја преземе улогата на свој агент.

„Би сакал да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден фудбалски агент или агенција“, објави Миовски.

Во продолжение, македонскиот напаѓач порача дека во периодот што следува лично ќе ги води сите прашања поврзани со неговата професионална кариера и иднина, а сите заинтересирани страни ќе треба директно да контактираат со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино оди по нов мандат: Претседателот на ФИФА повторно се кандидира

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (Фифа) Џани Инфантино ќе се кандидира …