Дома Фудбал Ѕвезда тешко дише по само 33 минути: Снимката ги шокира фановите (Видео)

Ѕвезда тешко дише по само 33 минути: Снимката ги шокира фановите (Видео)

Антоан Гризман, по големата кариера во Европа, летово се одлучи да замине во Соединетите Американски Држави и моментално ги брани боите на Орландо.

Гризман, вчера донесе победа за Орландо против Сан Дијего (1:0), бидејќи во 28. минута го постигна единствениот гол на натпреварот во МЛС.

Но, на социјалните мрежи се шири снимка од Французинот кој тешко дише во 33. минута од натпреварот.

Фотографии и видеоснимки од францускиот напаѓач станаа вирални на социјалните мрежи, особено на Reddit, каде што фановите беа шокирани од неговата состојба по играта во тешки услови на Флорида.

На снимката се гледа дека Гризман тешко дише, сосема исцрпен, додека лицето му е покриено со пот. На главата имаше разладувачка марама, а изгледаше како да се бори за здив после само нешто повеќе од пола час на теренот.

Објавата на Reddit имаше опис: “Антоан Гризман после 33 минути игра на жештината на Флорида.” Погледнете ја снимката ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино оди по нов мандат: Претседателот на ФИФА повторно се кандидира

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (Фифа) Џани Инфантино ќе се кандидира …