
Истакнатиот автор на реномираниот “L’Équipe”, Винсент Дулук, го избра својот идеален тим на Лигата на шампионите на сите времиња.
Изненадување предизвика фактот што овој француски новинар го изостави Кристијано Роналдо, водечкиот стрелец на ова натпреварување, и во составот не се најде ниту еден француски фудбалер.
Тимот на Дулук ги опфаќа легендите на ова натпреварување од неговото основање како Европски куп во 1955 година, па до модерната Лига на шампиони. Според известувањето на Goal, Дулук настојуваше да најде баланс помеѓу ерата пред 1992 година и современиот формат по промените.
Тимот на Дулук го сочинуваат овие играчи:
Голман: Реј Клеменс “Ливерпул”
Десен бек: Дани Карвахал “Реал Мадрид”
Централен бек: Франц Бекенбауер “Баерн Минхен”
Централен бек: Франко Барези “Милан”
Лев бек: Паоло Малдини “Милан”
Средина: Лука Модриќ “Реал Мадрид”
Средина: Андрес Иниеста “Барселона”
Лево крило: Лионел Меси “Барселона”
Креатор на игра: Јохан Кројф “Ајакс”
Десно крило: Џорџ Бест “Манчестер Јунајтед”
Напаѓач: Алфредо Ди Стефано “Реал Мадрид”
Да потсетиме, најсилното светско фудбалско натпреварување започнува утре, а натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Интер Милано на стадионот Сантијаго Бернабеу го означува почетокот.
