Дома Фудбал УЕФА оваа недела во сите натпревари ќе оддаде почит на жртвите на поплавите во Непал

УЕФА оваа недела во сите натпревари ќе оддаде почит на жртвите на поплавите во Непал

Сите три натпреварувања во организација на УЕФА започнуваат оваа недела. Пред да започнат натпреварите во Лигата на шампионите во вторник, УЕФА објави дека ќе се одржи минута молчење на почетокот на секој натпревар.

На овој начин, Европската фудбалска унија ќе изрази почит кон жртвите од разорните поплави кои на 26 август ја погодија Непал оваа година.

„Освен минутата молчење, на сите натпревари ќе биде поставен банер со порака за поддршка, како знак на солидарност со жртвите од разорните поплави во Непал“, објави УЕФА на својата веб-страница.

На банерите ќе биде испишана едноставна порака:

„Непал, не сте сами“.

„Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите оваа недела во изразување на најдлабоко сочувство и поддршка за народот на Непал. Им пожелуваме сила и отпорност во заздравувањето од оваа голема трагедија“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Во понеделникот, властите на Непал објавија дека бројот на трагично загинатите во поплавата се зголемил на 1.355. Уште 4.996 лица се водат како исчезнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо пред почетокот на ЛШ се жалеше на судењето во Шпанија

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес се обрати на прес-конференција пред натпреваро…