Дома Фудбал Италија Милан волку лоша низа немал 49 години!

Милан волку лоша низа немал 49 години!

Вчера се одигра градското дерби помеѓу Интер и Милан во рамките од италијанската Серија А, а во него славеше Интер.

Екипата на Симоне Инзаги славеше со голот на Лаутаро, додека за Милан ова беше четврти пораз во низа. „Росонерите“ не знаат за победа од 4-ти јануари кога ја совладаа Салернитана. Од тогаш запишаа пет порази и две реми, изгубија уште еднаш од Интер и тоа со резултат 3:0 во натпреварот од Суперкупот на Италија во Ријад.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанската јавност ваквата низа на Милан ја дочека со многу критики, а најмногу се упатени кон тренерот Стефано Пиоли. Навивачите, но и медиумите сметаат дека Пиоли погрешил што против Интер излегол во формација 3-5-2 и без најдобриот играч Рафаел Леао кој во игра влезе во 55-тата минута.

Работите се уште полоши за актуелниот шампион ако се погледне низата од последните шест натпревари. Во нив Милан секогаш беше екипата која прва примаше гол. Така лоша низа италијанскиот гигант немал од март и април 1974 година.

Во следното коло Милан ќе го пречека Торино и би можел да го сруши овој неславен рекорд. По третиот пораз во низа Милан падна на шестото место во Серија А со 38 бодови, колку што има и четвртопласираниот Лацио и петопласираната Аталанта и до крајот на сезоната ги чека тешка борба за место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …