Дома Фудбал Манчестер Сити веќе започна преговори за сензацијата од Мароко

Манчестер Сити веќе започна преговори за сензацијата од Мароко

Манчестер Сити веќе започнал почетни преговори за идниот трансфер на 18-годишниот марокански репрезентативец Ајуб Буади.

Според Фабрицио Романо, планот на “граѓаните” е талентот да остане во Лил уште една сезона и можеби да го доведат следното лето.

Најмалку четири клуба веќе учествуваат во разговори за Буади, но Пари Сен Жермен не е меѓу нив, додава трансферниот експерт. Во последниве недели, се шпекулираше дека Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид и Бајерн Минхен се заинтересирани за талентот.

Тврдeњa се дека Лил ќе бара најмалку 70 милиони евра за Буади плус бонуси, со кои сумата би достигнала 100 милиони.

18-годишниот играч од средниот ред е едно од откритијата на Светското првенство 2026, откако избра да го претставува Мароко пред Франција. Тој започна како стартер во три од четири натпревари на “атласките лавови”, вклучително и во вчерашниот судир од 1/16 финалето против Нидерланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…