
Јувентус започна прелиминарни контакти со Рома по однос на можниот ангажман на голманот Мила Свилар, откако преговорите за Емилијано Мартинез и Гулјелмо Викарио во моментот се во застој, пренесуваат италијанските медиуми.
Директорот на Јувентус, Џовани Карневале претходно го потврди интересирањето на торинскиот клуб за Мартинез и Викарио, истакнувајќи дека ангажманот на нов прв голман е еден од приоритетите за време на летниот трансфер период.
„Голманот и напаѓачот се приоритети, тоа се клучни позиции за еден тим. Мораме да работиме спокојно, бидејќи во овој момент финансиските барања се многу високи“, рече Карневале, кој исто така зборуваше и за статусот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ со кој договорот му истече денес.
Според повеќе извори од Италија, меѓу кои се Фабрицио Романо, Газета дело Спорт, Коријере дело Спорт и Тутоспорт, Јувентус во меѓувреме ја насочил вниманието кон голманот на Рома Мила Свилар.