Дома Фудбал Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако тимот беше елиминиран од Светското фудбалско првенство.

„Портокаловите” беа поразени во осминафиналето од Мароко, а Куман ја објави својата одлука преку социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Синоќа решив да го завршам мојот мандат како селектор на холандската репрезентација”, напиша Куман, чија репрезентација беше елиминирана по пенали од Мароко.

„Ме боли што мојот ангажман со Холандија завршува на овој начин. Сите сонуваме за Светско првенство каде ќе оствариме историски успех. Во тоа не успеавме. Никој не е поразочаран од мене. Како селектор, ја преземам одговорноста. Секогаш сум ја чувствувал и ќе ја чувствувам”, истакна меѓу другото.

На Светското првенство, Холандија ја заврши групната фаза со седум бода од три натпревари, но потоа застана уште на првата пречка во нокаут-фазата. Натпреварот против Мароко заврши 1:1, но загубија по пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…